Попладнево се одиграа сите осум средби од 27.коло во ВМФЛ. Во дербито на колото кое се одигра во Гостивар, Арсими успеа да ја победи Брегалница со 2:1 и користејќи го киксот на Башкими дома со Скопје, меч кој заврши 1:1, се искачи на втората позиција на табелата која води директно во ПМФЛ.
Секако дека тимот од Чегране е пред историја, но има да се играат уште три кола. Брегалница пак се чини дека ја загуби битката и за тоа трето место кое води во баражот. Ова е катастрофа за штипските “сини“.
Македонија ЃП на сој терен го победи Борец со 3:0 и го испрати дефинитивно во трета лига.
Во продолжение можете да ги видите сите резултати од денешните натпревари:
РЕЗУЛТАТИ 27.КОЛО
Арсими – Брегалница 2:1
Новаци – Вардарски 4:0
Победа – Осогово 0:0
Башкими – Скопје 1:1
Охрид – Кожув 1:0
Беласица – Детонит 1:2
Саса – Вардар (Н) 4:2
Македонија ЃП – Борец 3:0
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 60, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52…