Динамо со триумф среде Сплит стана лидер во Хрватска

277

Кога конечно се мислеше дека тимот на Хајдук конечно ќе освои титула сезонава, се случува тотален колапс на тимот од Сплит на резултатски план.

Денеска пред околу 40.000 гледачи на својот Пољуд успеа да загуби од најголемиот ривал Динамо Загреб со 1:3.

Невидениот блам на домашните не се насетуваше иако Пиер Габриел ги доведе гостите во водство од 0:1. Следуваше израмнувањето на Ливаја и изедначување на 1:1. Сепак, Динамо годиниве бил безброј пати во ваква ситуација во која титулата му зависела од дерби, па излегол како победник. Следуваа головите на Куленовиќ и Сучиќ дојде до огромен триумф од 1:3. Стефан Ристовски како капитен го поведе својот тим кон победа, а Александар Трајковски за домаќинот влезе во вториот дел.

Сега се чека кикс на Ријека за да Динамо и дефинитивно биде прв по ова коло во ХНЛ.

 

ПретходноВардарово селфи за 14 мечеви без пораз
СледноФК Гостивар: Се повлекуваме од овогодинешниот шампионат