Кими Антонели за историја во Мајами!

138

Како ли само почна викендов во Ф1 во Мајами. Кими Антонели со своите 19 години испиша историја. Тој со својот Мерцедес се избори во квалификациите за пол-позиција за спринтот кој ќе се вози денеска во 18 часот, па така стана најмладиоиот освојувач на пол – позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за спринт или главната трка. 

Кими беше најбрз во квалификациите и тоа пред Пјастри, Норис и Верстапен.

Младиот Италијанец направи големо изненадување, па може да се каже и сензација. Сепак останува да се види дали ќе има сила и во спринт трката да дојде до добар пласман како и во главните квалификации, а на крај секако и во главната трка во Мајами која е закажана за утре во 22 часот.

ПретходноХјустон ги победи Кари и другарите и се избори за мајсторка!
СледноАрне Слот ја најде замената за Александер-Арнолд и тоа во Ливерпул!