Кожув и Пелистер без право на грешка

54

Денеска се играат два нови меча од четвртфиналето во плеј-офот. Кожув и Пелистер мора максимално да ја искористат предноста на домашен терен.

Гевгеличани се домаќини на МКК Куманово и губат со 1-2 во серијата подобар во пет меча, додека пак Пелистер исто на домашен терен го пречекува Работнички, и тука ситуацијата е јасна. Пораз за битолчани ќе значи крај на сезоната.

Искусниот плејмејкер на Пелистер, Алексадар Костоски смета дека клучно за денешниот четрвти меч ќе биде фокусираноста и мотивацијата да бидат на исто ниво кко и на третиот натпревар.

„Секако дека можеме да славиме, но исто така и знаеме дека нема да ни биде лесно. Се надевам дека ќе успееме да останеме со ист фокус и мотивација, тоа донесе резултат на последниот меч, може да биде клучен фактор и на саботната пресметка. Не треба да размислуваме за полуфинале, туку само за наредниот меч, да стигнеме до 2-2, а потоа ќе се фокусираме на евентуалната мајсторка“, искусно порачува Костоски.

Во рамките на плеј-аут лигата Вардар го пречекува Тиквеш во 15 часот, додека пак Гостивар е гостин на Шкупи во 17 часот.

ПретходноСкандал во Србија: Претепан малолетен судија среде натпревар!
СледноЕве како изгледа табелата по оние минус 9 бода за Гостивар, Работнички уште утре може да обезбеди “виза“ за Европа!