Прескокна 6.11 метри како на шега и го собори рекордот на митингот од Дијамантската лига

102

Суперѕвездата на светската атлетика, Арманд Дуплантис, оствари уште една победа во својата кариера, повторно со рекорд. Олимпискиот, светскиот и европскиот шампион во дисциплината скок со стап, го освои натпреварувањето од Дијамантската лига во Шангај со нов турнирски рекорд од прескокнати 6,11 метри.

Тој, исто така, ја крена летвичката и на 6,28 метри во обид да го подобри сопствениот светски рекорд од 6,27 метри, но направи три грешки на таа висина. Ова беше втора последователна победа во Дијамантската лига за Швеѓанецот, кој победи и во Сјамен минатата недела.

ПретходноАстон Вила минимално против Фулам, но доволно да остане во трка за ЛШ (ВИДЕО)
СледноПоследниот меч за Велс го одигра во Скопје: Ален оди во пензија!