Само во Србија и само на Балканот. Претепан малолетен судија, кој има само 17 години, и тоа среде натпревар од играч на кого му доделил жолт картон, а потоа и црвен.
Ова е и повеќе од скандалозно а се случило во Србија на меч од кадетска лига меѓу екипите на Локомотива и Трудбеник.
Моментот на насилство се случил кога судијата Немања Митиќ во 41.минута досудил пенал за Трудбеник при резултат 1:0 за домашните по што гостите израмниле на 1:1.
Веднаш по пеналот домашниот фудбалер со иницијали Н.Р влегол во вербална расправија со судијата од кого добил жолт картон, но не се завршило со ова, допрва следува хаосот откако Н.Р добил и црвен зошто не можел да се смири.
По ова следувала физичка агресија, посочениот фудбалер почнал да го удира судијата и му нанел неколку тешки телесни повреди.
По инцидентот раководството на клубот Локомотива се огласи на социјалните мрежи со извинување кон судијата Митиќ и осуда за својот фудбалер.