Предмалку тимот на ФК Гостивар лиферуваше соопштение во кое официјално вели дека се повлекува од овогодишниот ПМФЛ шампионат.
По сите случувања поврзани со овој клуб во овогодиншното ПМФЛ првенство, управата на овој клуб одлучи да се повлече од понатамошното натпреварување.
Срамно во секој случај, со оглед на фактот што во ниту еден момент, тимот на ФК Гостивар не беше во подредена положба, ниту пак имаше проблеми од било каков вид со останататите екипи.
Напротив,Гостивар беше тој што константно правеше проблеми. Најпрво, направи инцидент во Кавадарци со нападот на службено полициско лице, а потоа и во Струга кога дел од тимот беше приведен. Истото се случи и во Кавадарци.
За да конечно, врвот на глупостите кои што ФК Гостивар ги направи сезонава е прекинатиот меч по сопствена инцијатива во Скопје против Раоботнички.
Ова е втор тим во ПМФЛ шампионатот годинава по Воска кој што се откажува од натпреварување.