Чави Ернандез, легендата на Барселона и некогашен стратег на каталонската гордост веќе една година е без тренерски ангажман. Во последните неколку месеци неговото име се поврзуваше со повеќе клубови, но засега ништо од тоа.
Денеска, Флоријан Петербург, еден од најдобрите познавачи на трансфер пазарот на својот Х профил објави дека Чави е еден од најголемите кандидати за тренер на Ал-Хилал. Познато е дека овој прбогат клуб од Саудиска Арабија, за кого играа Србите Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ а до пред некој месец член беше и Нејмар, се раздели со Португалецот Жорге Жезус.
Па така може да се случи Чави да седне на клупата на клубот од Саудиска Арабија.