Челзи повторно ќе троши пари за купување нови млади фудбалери. Последните информации говорат дека „сините“ се заинтересирани за 19-годишниот дефанзивец на Ајакс, Јорел Хато, и би можеле да го ангажираат ова лето, објави „Скај Спортс“.
Хато оваа сезона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна 3 гола и имаше 6 асистенции. Неговиот договор со Ајакс е со важност до летото 2028 година. Според проценките, Ајакс за ова младо име ќе бара најмалку 30 милиони евра.
Хато исто така одигра шест меча за репрезентацијата на Холандија, а имаше и една асистенција.