Карло Анчелоти проговори за гласините околу неговото назначување во бразилската репрезентација.
„Го сакам клубот, играчите и навивачите, имам почит кон нив. Ќе ви кажам за мојата иднина на 25 мај, не порано.“
Денеска весникот „Ас“ објави информација дека Италијанецот ја прифатил понудата на Бразил и се очекува на 12 мај да го потпише селекторскиот договор.
„Размислуваме за сегашноста, за следните натпревари. Мислиме дека сè уште можеме да се бориме и ќе се бориме за титулата во Ла Лига до последната секунда од финалниот натпревар“, дополнил Анчелоти.