Александер Исак во моментов е еден од најбараните напаѓачи во Европа во пресрет на летниот преоден рок. Швеѓанецот кој блеска во дресот на Њукасл е трансферна цел на Ливерпул, Арсенал, ПСЖ, Барселона, за него има и баснословни понудим но јасно е дека за евентуален трансфер решаца самиот клуб.
Околу ова прашање вчера свој коментар имаше и Еди Хау, менаџерот односно стратегот на Њукасл:
“Од моја гледна точка, тој не е на продажба. Искрено јас посакувам да имам што посилен тим за следната сезона. И сега имаме силен тим а можеме да донесе и квалитетни засилувања. Јас сум фокусиран на тоа, сакам Исак да остане во Њукасл“ рече покрај другото Хау.
Инаку Хау е првиот англиски менаџер кој освоил национален трофеј од 2008 година и тоа годинава со својот Њукасл кога триумфираше во Лига Купот.