Со голот на Јури Тилеманс фудбалерите на Астон Вила славеа попладнево на меч од новото коло во Премиерлигата против Фулам со 1:0 и успеаја да дојдат до уште една многу важна победа во трката за место во Европа и следната сезона.
Четвртфиналистот во Лигата на шампионите оваа сезона, успеа да ги освои трите бода благодарение на погодокот на Белгиецот од првиот дел. Фулам во неколку наврати имаше убави шанси за израмнување, дури и постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Астон Вила со оваа победа е на 7. место на табелата на само два бода од позициите кои носат во ЛШ.