Вардар пролетва едноставно не губи

795

Кој и да имаше веќе некакви дилеми околу позитивната серија која што Вардар ја има пролетва, веќе може само да молчи. И ништо повеќе. По денешниот триумф на „црвено – црните“ во Чаир, против тимот на Шкупи, од 0:2, веќе не може да стане збор само за позитивна серија без неуспех, туку за сериозен потфат со кој што тренерот Гоце Седлоски очигледно дека може да биде горд.

Никој, па веројатно ниту тој самиот не можеше да предвиди што ќе се случува пролетва. Вардар во оваа полусеозона влезе со сериозен проблем на резултатски план, а со него се справи како сериозен фудбалски состав кој што во секој момент знае што прави. И тоа како. Денеска конкренто, Вардар во ниту еден момент не беше во подредена улога, не дозволи да биде притиснат или пак да биде импресиониран од добрата атмосфера. „Шверцерите“ направија се што е во нивна моќ за да му го загорчат животот на Вардар, да ја прекинат таа позитивна серија од 13 мечеви без пораз но направија само новата победа на противникот да биде поколоритна и по живописна.

Тренерот Седлоски денеска се одлучи за Мато, не за Спахиу и не погреши. Репрезентативецот на Уганда пролетва е одличен. Седлоски добро знае што и кого во кој момент, и тоа очигледно на терен и тоа како функционира.

Има Вардар уште да игра сезонава, неговиот победнички менталитет е нешто што очигледно противниците не можат да се справат, а истиот му носи на „црбено – црниот“ табор самодоверба, желба и капацитет да се справи со секој и секого.

 

ПретходноИнтер дефинитивно без Лаутаро за реваншот со Барселона
СледноБорнмут со гостинска лекција за Арсенал