ВМФЛ: Арсими маршира кон елитата, кикс на Башкими, “лавовите“ го пратија Борец во трета лига!

578

Попладнево се одиграа сите осум средби од 27.коло во ВМФЛ. Во дербито на колото кое се одигра во Гостивар, Арсими успеа да ја победи Брегалница со 2:1 и користејќи го киксот на Башкими дома со Скопје, меч кој заврши 1:1, се искачи на втората позиција на табелата која води директно во ПМФЛ.

Секако дека тимот од Чегране е пред историја, но има да се играат уште три кола. Брегалница пак се чини дека ја загуби битката и за тоа трето место кое води во баражот. Ова е катастрофа за штипските “сини“.

Македонија ЃП на сој терен го победи Борец со 3:0 и го испрати дефинитивно во трета лига.

Во продолжение можете да ги видите сите резултати од денешните натпревари:

РЕЗУЛТАТИ 27.КОЛО

Арсими – Брегалница 2:1

Новаци – Вардарски 4:0

Победа – Осогово 0:0

Башкими – Скопје 1:1

Охрид – Кожув 1:0

Беласица – Детонит 1:2

Саса – Вардар (Н) 4:2

Македонија ЃП – Борец 3:0

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 60, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52…

ПретходноСкопје е „црвено – црно“, триумф на Вардар среде Чаир (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВардарово селфи за 14 мечеви без пораз