Интер дефинитивно без Лаутаро за реваншот со Барселона

105

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Скај Италија“.

Според изворот, на 27-годишниот Аргентинец му е дијагностицирано истегнување на мускулот, кое го претрпел на првиот натпревар против Каталонците.

Мартинез оваа сезона одигра 47 натпревари, постигна 21 гол и имаше 6 асистенции.

ПретходноУште еден одличен меч за Алкалоид, Вардар 1961 едвај до бод во Автокоманда (ФОТО)
СледноВардар пролетва едноставно не губи