Шкупи – Вардар 0:2. Тоа е епилогот од големото дерби на мак – фудбалот, од битката за Скопје попладнево на Чаир, во меч од 30.коло во ПМФЛ. Убаво, интересно дерби во кое Вардар беше подобар тим и заслужено со головите на Мато и Матиќ успеа да победи и да покаже кој е кој во главнииот град.
Со тоа продолжи серија на Вардар без пораз, ова е 14 меч во низа на кој нашиот најтрофеен клуб нема пораз. Секоја чест за Гоце Седлоски и неговите момци.
Се играше внимателно на почетокот од мечот, како двајцата тренери Ердем и Седлоски, да ги испитуваа силите на противникот. Првата закана ја видовме во 17.минута кога Кадриу нафрли пред гостинскиот гол а Имери за малку беше кус. Имери во 29.миниута шутираше, но топката отиде во корнер. Две минути подоцна Омерагиќ можеше да му донесе водство на Вардар, но за малку беше непрецизен.
Интересно беше во финишот на првиот дел. Прво во 45.минута гостинскиот тренер Гоце Седлоски беше исклучен, за да потоа една минута подоцна контра на Вардар, а Мато на асистенција на Азер Омерагиќ, мајсторски го совлада Денковски за 0:1, за водство на гостите. Со тој резултат се замина на пауза.
Во продолжение од мечот, носени од публиката домашните фудбалери тргнаа со сите сили кон израмнување, но сепак Вардар добро беше поставен во одбрана и не дозволи Шкупи поопасно да се закани. Сепак Ибиши во 61.минута во пад убаво шутираше, но немаше гол за Шкупи.
Се играше 70.минута кога Закариќ оддлево нафрли пред домашниот гол, а таму Матиќ убаво со глава само си се поклони и ја затресе мрежата за 0:2 за Вардар.
Да кажеме дека судијата Трпчевски имаше неколку пропусти, посебно кога не досуди чист пенал за Вардар при фаулот врз Талевски во казнетиот простор на домашнте. Тоа од авион се виде, сите го видоа само Трпчевски не го виде или не сакаше да го види.
Да не биде се супер за гостите во 87.минута се повреди напаѓачот Талевски.