ФК Гостивар: Се повлекуваме од овогодинешниот шампионат

1910

Предмалку тимот на ФК Гостивар лиферуваше соопштение во кое официјално вели дека се повлекува од овогодишниот ПМФЛ шампионат.

По сите случувања поврзани со овој клуб во овогодиншното ПМФЛ првенство, управата на овој клуб одлучи да се повлече од понатамошното натпреварување.

Срамно во секој случај, со оглед на фактот што во ниту еден момент, тимот на ФК Гостивар не беше во подредена положба, ниту пак имаше проблеми од било каков вид со останататите екипи.

Напротив,Гостивар  беше тој што константно правеше проблеми. Најпрво, направи инцидент во Кавадарци со нападот на службено полициско лице, а потоа и во Струга кога дел од тимот беше приведен. Истото се случи и во Кавадарци.

За да конечно, врвот на глупостите кои што ФК Гостивар ги направи сезонава е прекинатиот меч по сопствена инцијатива во Скопје против Раоботнички.

Ова е втор тим во ПМФЛ шампионатот годинава по Воска кој што се откажува од натпреварување.

 

ПретходноДинамо со триумф среде Сплит стана лидер во Хрватска
СледноУште еден одличен меч за Алкалоид, Вардар 1961 едвај до бод во Автокоманда (ФОТО)