Кај дамите се решени сите дилеми: Ѓорче Петров завери нова шампионска титула!

70

Ако во машка конкуренција најверојатно до последното коло нема да биде познато името на шампионот, кај дамите веќе се е решено. Ѓорче Петров е старо-новиот првак. „Лавиците“ вчера славеа против Чаир со убедливи 37-28 и на четири кола до крајот ја заверија титулата, вкупно 21.

Ракометарките на Ѓорче Петров имаат вкупно 33 бодови, додека Металург Автокоманда е втор со 23, но и натпревар помалку.

Ова е еден од двата пехари кои избраничките на Симе Симевски сакаат да го видат во своите витрини. „Лавиците“ ги чека и битката за Купот на Македонија.

ПретходноФлик по трите бода: Нема да ве лажам, сите видоа…
СледноЛудило на „Максимир“: Стефан Ристовски во главната улога (ВИДЕО)