Куманово победи во Радовиш и избега од баражот за опстанок

129

Ракометарите на Куманово узвојуваа важна победа на гостински терен против Радовиш со 25:26 во меч од 6. Коло во плеј-оат зоната и со тоа направија голем чекор кон директен опстанок во лигата. Оваа победа го носи кумановскиот состав на делба на второто место на табелата со 11 бода заедно со Прилеп, три повеќе од Струга и пет од Радовиш.

Одлично издание кај екипата на Куманово имаа Димевски со 9 гола и Гиљермо да Силва со 7 гола, додека кај екипата на Радовиш по 6 погодоци имаа Јанков и Чеселиов.

ПретходноФрајбург го запре Баер (Л), Баерн (М) се врати на шампионскиот трон во Бундеслигата!
СледноСеријата на Рома не запира, падна и Фиорентина (ВИДЕО)