ПМФЛ: Работнички на мегдан со Силекс, Струга ТЛ против Шкендија, службени победи за Тиквеш и Пелистер!

429

Денеска од 16 часот на програмата се петте преостанати мечеви од 30.коло. Вчера Вардар како гостин успеа слави на Чаир кај Шкупи со 0:2 и со тоа да ја продолжи блескавата серија од 14 меча без пораз.

Според местата на табелата денеска дербито се игра на Националната Арена во Скопје каде се среќаваат третиот и вториот на табелата, Работнички против Силекс.

Ако Работнички победи а Струга ТЛ на свој терен не ја победи Шкендија, тогаш клубот од Дебар Маало и дефинитивно ова лето ќе игра во Европа и тоа по пауза од цели осум години. Сепак Силекс се бори за титулата, има шанси ако се знае дека само 4 бода го делат од лидерот Шкендија. Од ова се гледа дека на тетовци и тоа како им е потребна победа на гости во Струга.

Беса и Брера играат меч кој може да реши кој ќе игра во баражот за опстанок ако се знае дека од Лигата се повлекоа Воска и Гостивар кои во следната сезона ќе играат во најнизок ранг.

Ова значи дека денеска Пелистер и Тиквеш добиваат службени победи како гости кај Гостивар и Воска.

Правилата се тие, мора да бидат на терен заедно со судиите и ако домашните екипи, во случајот Гостивар и Воска ги нема, добиваат службени победи со по 3:0.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Гостивар: Беса – Брера

Струмица: Гостивар – Пелистер (???)

Скопје: Работнички – Силекс

Струга: Струга ТЛ – Шкендија

Охрид: Воска – Тиквеш (???)

ВЧЕРА

Шкупи – Вардар 0:2

ТАБЕЛА

Шкендија 63, Силекс 59, Работнички 55, Струга ТЛ 47, Гостивар (-9) 39, Вардар 38, Шкупи 34, Пелистер 32, Брера 27, Тиквеш 26, Беса 24, Воска (-9) 13.

ПретходноЛудило на „Максимир“: Стефан Ристовски во главната улога (ВИДЕО)
СледноЛазаров денеска прозива за најважната мисија