„После мене, Јунајтед потроши 800.000.000 за да биде уште полош“

605

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер.

Потоа имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант. Тој брзо си замина, го наследи Ерик тен Хаг, сега Рубен Аморим е тука, а проблемите се исти како и тогаш, ако не и поголеми.

„На крајот од таа сезона кога бев во клубот, требаше да се направат само неколку основни работи. И, всушност, од тогаш до сега се потрошени 750 или 800 милиони евра, а на табелата во Премиер-лигата клубот е драматично полош отколку што беше тогаш“, рече Рангник и додаде:

„Тие го доведоа Аморим на средина од сезоната, кој игра со тројца или петмина во последната линија, а тимот е прилагоден да игра со четворица во одбраната. Сето ова е јасно видливо на теренот, особено во Премиер-лигата против тимови што Манчестер Јунајтед би морал да ги победи. Во ред, во Лигата на Европа успеаја да свртат некои ситуации, како против Лион“, рече германскиот стручњак.

И покрај сите неволји, Манчестер Јунајтед е на добар пат да се пласира во финалето на Лигата на Европа, победа што би обезбедила место во Лигата на шампионите, иако е само 14-ти во Премиер лигата.

Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, Јунајтед го победи Атлетик Билбао со 3:0, а вистинско чудо ќе мораше да се случи за да не бидат во борба за трофејот.

„Со освојувањето на Лигата на Европа, тој би можел да ја спаси сезоната, бидејќи би се квалификувал за Лигата на шампионите. Се друго би било разочарување и би било интересно да се види што ќе се случи потоа“, заклучи тренерот на Австрија.

ПретходноРеал се вклучи во работа од 100 милиони, во Ливерпул бесни!
СледноЈокиќ импресионираше со својот гест кон Зубац и Богдановиќ