Реал е подготвен за продажба на Родриго, постави и почетна цена

209

Реал Мадрид разгледува опции за продажба на напаѓачот Родриго за време на летниот преоден рок, објави „Релево“. Според изданието, мадридскиот клуб е подготвен да ги разгледа сите понуди кои ќе почнуваат од 100 милиони евра.

Манчестер Сити и Арсенал се заинтересирани за 24-годишниот Бразилец. Пред потенцијалното заминување, Родриго сака да разговара со Чаби Алонсо, кој би можел да го предводи Реал, за да дознае каква би била неговата улога во тимот.

Договорот на Родриго истекува во летото 2028 година.

ПретходноЈувентус само со бод од гостувањето кај Болоња
СледноГН на Мајами: Моќен е овој Мекларен, Пјастри прв, Норис втор!