Шкупи бара нов тренер: Ердем доби отказ

237

По вчерашниот пораз од Вардар на „Чаир“, вечерва екипата на Шкупи остана без тренер. Како што потврдија од клубот, досегашниот предводник на чаирчани, Алпарслан Ердем добил отказ.

„Длабоко сме благодарни на тренерот Ердем за неговата работа, посветеност и максимална професионалност за време на престојот во клубот, кој завршува денес. Клубот му посакува многу успеси во понатамошното професионално и лично патување“, објавија од Шкупи.

Шкупи е во катастрофална серија од 9 натпревари без победа.

ПретходноАрсенал без Тимбер за реваношт со ПСЖ во ЛШ
СледноЕСПН: Дончиќ ќе игра за Словенија на Евробаскетот