Со тринаесетиот погодок оваа сезона, Даниел Аврамовски му донесе водство, а подоцна и убедлива победа на својот тим Игдир во мечот од 37. коло во турската Втора лига.
Игдир денеска на домашен терен славеше над Кочаелиспор со 4:0 и со тоа ја запиша и 16-тата победа која го донесе на 7. место на табелата со можност да се бори до крајот на сезоната и за пласман во плеј-оф разигрувањето за пласман во турската елита.
Аврамовски погоди уште во 8. минута на средбата за водство на Игдир од 1:0.