Волш и Ледецки урнаа два светски рекорди

45

Американските пливачки Гречен Волш и Кејт Ледецки поставија светски рекорди на пливачкиот турнир во Форт Лодердејл.

Волш го собори светскиот рекорд двапати во ист ден во трката на 100 метри пеперутка. Прво, во квалификациите, таа постигна резултат од 55,09 секунди, a беше уште побрза попладнето со неверојатни 54,60, со што стана првата жена што испливала пеперутка на 100 метри под 55 секунди.

Ледецки блесна во дисциплината 800 метри слободен стил. Таа исплива со резултат од 8:04.12. За 67 стотинки таа го подобри сопствениот светски рекорд (8:04,79), кој го постигна во август 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

ПретходноГо скрши „малерот“: По шест порази, Руд го освои Мадрид за прва Мастерс титула
СледноАрсенал без Тимбер за реваношт со ПСЖ во ЛШ