ГН на Мајами: Моќен е овој Мекларен, Пјастри прв, Норис втор!

65

Еден – два победа за моќниот Мекларен во главната трка за ГН на Мајами. Победа за Оскар Пјастри, а втор трката ја заврши неговиот клуски колега Ландо Норис.

Уште еднаш се покажа дека, барем во овој дел од сезоната во Ф1, Мекларен е моќен и недостижен за сите останати. Џорџ Расел на Мерцедес беше трет, а светскиот првак Макс Верстапен остана без подиум и заврши на 4.место на патеката во Мајами.

Треба да се каже дека Макс ја имаше пол-позицијата, добро стартуваше и беше лидер се до 14-тиот круг кога едноставно не можше против Пјастри кој веднаш направи разлика и до крајот беше непогрешлив и затоа заврши како прв.

Макс во 18-тиот круг поминат и од Ландо Норис, за да нешто подоцна и Расел беше побрз.

Нема што, овој Мекларен едноставно е непобедлив. Ова беше четврта победа сезонава за Пјастри, трета во низа.

Интересно е тоа што се најавуваа врнежи од дожд, голем дел од тимовите и ја правеа својата стратегија за најавените врнежи, но сепак цела трка мина без дожд.

ПретходноРеал е подготвен за продажба на Родриго, постави и почетна цена