Норвежанецот Каспер Руд е победник на Мастерсот во Мадрид. Во финалето, 15. тениски рекет го победи Британецот Џек Дрејпер, кој е шести на АТП ранг-листата.
Ова е првиот трофеј на Руд на кој било мастерс турнир во неговата кариера, а до денеска беше познат по озлогласениот рекорд – шест од шест изгубени финалиња во серијата Мастерс 1000.