Македонската ракометна репрезентација, денеска стартува со мини подготовките за двата последни квалификациски мечеви за ЕП 2026.
Противник на Македонија се селекциите на Естонија и Литванија, дуели кои мора да се добијат, за да Македонија чекира уште едно големо натпреварување.
За жал, селекторот Кирил Лазаров, за овие два меча, не може да смета на најдобриот состав, од Мундијалот.
По повредата на Марко Митев и Игор Ѓоргиев, на списокот се придодаде и Мартин Велковски, ракометарот на Алкалоид кој што не настапи ниту синоќа на дербито со Вардар, туку мечот го оглдеда од клупата за резерви. Засега не е позната природата на повредата.
Македонија последните две квалификациски меча ги отвара против Естонија на гости, дуел кој се игра 8 мај, додека три дена подоцна е мечот против Литванија. Овој меч ќе се игра во салата „Јане Сандански“