ЕСПН: Дончиќ ќе игра за Словенија на Евробаскетот

61

Ѕвездата на ЛА Лејкрс, Лука Дончиќ ќе биде подготвен да игра за словенечката репрезентација на Евробаскетот, тврди американскиот новинар Дејв Мекменамин.

„Тој ќе биде во друштво на членовите на неговиот „телесен тим“ – кондицискиот тренер на националниот тим Анже Мачек и физиотерапевтот Хавиер Бери Калво за време на паузата меѓу сезоните“, вели новинарот на ЕСПН, што потврдива дека Дончиќ сигурно ќе го облече дресот на Словенија на ЕП.

Словенија е во групата Д со домаќинот Полска, Франција, Исланд, Израел и Белгија. Нокаут фазата ќе биде во Рига, а првенството ќе трае од 27 август до 14 септември.

ПретходноШкупи бара нов тренер: Ердем доби отказ
СледноЏани и Ал Ахли ја славеа титулата во Азиската Лига на шампиони (ФОТО)