Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн го освои својот првиот трофеј во кариерата на 31-годишна возраст.
Англискиот напаѓач стана шампион на Германија со Баерн, откако денеска бранителот на титулата Баер (Л) одигра смао нерешено 2:2 на гости кај Фрајбург. Тој во својата втора сезона во клубот успеа да се закити со шампионски трофеј.
Кејн претходно играше за Тотенхем 12 сезони, но никогаш не ја освои англиската Премиер лига. Тој има 213 гола на 320 натпревари во Премиер лигата.
Напаѓачот, исто така, нема трофеи ниту како дел од репрезентацијата на Англија. Најдобриот резултат за него беа две финалиња на Европско првенство (1:1, 2:3 на пенали со Италија во 2021 година и 1:2 со Шпанија во 2024 година).