Ракометарите на Куманово узвојуваа важна победа на гостински терен против Радовиш со 25:26 во меч од 6. Коло во плеј-оат зоната и со тоа направија голем чекор кон директен опстанок во лигата. Оваа победа го носи кумановскиот состав на делба на второто место на табелата со 11 бода заедно со Прилеп, три повеќе од Струга и пет од Радовиш.
Одлично издание кај екипата на Куманово имаа Димевски со 9 гола и Гиљермо да Силва со 7 гола, додека кај екипата на Радовиш по 6 погодоци имаа Јанков и Чеселиов.