Лазаров: Немаме право на грешка! Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, но не е така!

136

Селекторот Кирил Лазаров пред себе има уште една тешка задача, да ја одведе Македонија на ново Европско првенство. Нашата репрезентација не се наоѓа во идеална ситуација на две кола до крајот, но шансите за пласман и тоа како се реални. Македонија е трета во својата група, зад Литванија и Словенија. На патот до континенталното натпреварување кое ќе се одржи следната година стои гостување кај Естонија и домашен меч против Литванија.

Земајќи ја целата играчка, а сега и тренерска кариера, Лазаров никогаш не се предава, секогаш е оптимист и кога на располагање го нема составот што го посакува. Ја видовме Македонија како приреди неверојатен пресврт против Ф.Осторови за СП 2025, а на Мундијалот одигра одлични мечеви.

ПретходноПелистер се појави на Благој Истатов, но не и Гостивар
СледноЈунајтед поведе па доживеа дебакл од Брендфорд