Пелистер се појави на Благој Истатов, но не и Гостивар

362

И официјално, тимот на Гостивар денеска не се појави на мечот против Пелистер во рамките од 30. коло од ПМФЛ шампионатот.

Дуелот закажан во Струмица на стадионот Благој Истатов од 16:00 часот нема да се одигра затоа што домаќинот, тимот на Гостивар претходно најави, а сега тоа и го спроведе на дело, дека нема да го одигра овој меч односно се повлекува од овогодинешниот шампионат.

Од друга страна гостинот, тимот на Пелистер прописно се појави на терен, и по 15. минути судиката тројка и делегатот, констатираа службени 3:0 за Пелистер.

ПретходноМбапе и Арда за триумф на Реал против Селта (ВИДЕО)
СледноЛазаров: Немаме право на грешка! Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, но не е така!