Фото на колото: Ристовски „згрме“ капитенски среде Пољуд

587

Голема, огромна победа на тимот на Динамо Загреб вчера. На гостувањето кај Хајдук во Сплит, пред околу 40.00 гледачи капитенски го поведе својот тим до победа од 1:3, и лидерска позиција во ХНЛ шампионатот. Имаше Динамо проблеми сезонава од секаков вид, но успеа да ги надмине и во вистински момент да ја пронајде својата форма.
Нашиот Стефан Ристовски вчера со „лентата“ на рамо ги поведе соиграчите во битка која што ја добија.

Фотографиите од вчера се легендарни, а изразот на лицето на популарниот „Риле“ кажува се. Чиста емоција.

 

ПретходноДе Брујне: Жално е што морам да си заминам
СледноЛацио минимално против Емполи