Фудбалерите на Фрајбург и Баер Леверкузен одиграа нерешено 2:2 во 32-то коло од Бундеслигата,што автоматски значеше дека Баерн (М) официјално ја врати титулата на своите витрини на две кола до крајот на сезоната. Баварците станаа шампиони на Германија по рекорден 34-ти пат.
Фрајбург, од друга страна, направи чекор назад во борбата за првиот и историски пласман во Лигата на шампионите. Тие сега имаат 52 бода на посакуваното четврто место, еден повеќе од Борусија Дортмунд и два повеќе од Лајпциг.
Чекорот назад е затоа што Фрајбург беше многу подобар, водеше со 2:0 до 82-та минута, а ја испушти победата во 93-та минута. Гостите успеаја преку Флоријан Вирц да намалат на 2:1, а во успеаја да погодат Тах да погодат и за израмнување.