Челзи го пречека шампионот со шпалир, па му го нанесе третиот сезонски пораз (ВИДЕО)

160

Во првото гостување по обезбедената 20-та титула во Англија, Ливерпул претрпе пораз на гостувањето кај Челзи со 3:1.

По само три минути игра фудбалерите на Челзи веќе имаа водство. Енцо Фернандез доби одлична топка во празниот простор во шеснаесетникот на Алисон и успеа да го совлада за предност на лондончани од 1:0.

Во првото полувреме и двата тима имаа само по еден удар во рамката на противничкиот гол, а Челзи имаше среќа и водство. Во второто полувреме по само 11 минути игра, Кванса си постигна автогол и му донесе водство на домаќинот и од 2:0.

Ливерпул од овој момент па се до 84. минута имаше комплетна доминација, која беше крунисана со голот на Ван Дајк по одлично изведен корнер. До крајот уште еден голем „кикс“ на дефанзивецот на Ливерпул, Кванса, кој направи пенал во 95. минута од мечот со кој Челзи доби шанса да ја запечати победата. Сигурен реализатор од белата точка беше Кол Палмер.

ПретходноЈанта Волеј ја освои титулата и во младинска конкуренција
СледноФрајбург го запре Баер (Л), Баерн (М) се врати на шампионскиот трон во Бундеслигата!