Шкендија се „извлече“ во Струга, Работнички и Силекс со „нула“ на Арената

516

Тукушто беше комплетирано 30. коло од ПМФЛ шампионатот на Македонија, во кое што денешната програма броеше само три мечеви. Оние во кои требаше да се сретнат Гостивар и Пелистер односно Воска и Тиквеш, не се одиграни затоа што екипите на Гостивар и Воска го напуштија овогодинешниот шампионат, па овие мечеви се регистрирани со службен резултат за противничкот.

Од друга страна пак, дербито на денешната програма се одигра во Струга каде што домаќинот Трим Лум го пречека лидерот Шкендија.

Струга имаше водство од 1:0 преку убавиот гол на Спировски постигнат во 48. минута, но домаќинот не издржа да победи. Љатифи во 81. минута израмни на 1:1, и го постави конечниот резултат.

Од друга страна пак, Работнички имаше за задача со победа да обезбеди Европа, но на Арената Тодор Проески одигра само 0:0 против Силекс. И двата тима имаа по некоја ситуација за да дојдат до водство, но сепак, истите не беа искористени, па ремито беше неминовно.

Конечно, во битката за опстанок, тимот на Беса ја победи Брера со конечни 2:1 во Гостивар и со тоа дополнително ја „измеша“ работата во зоната за испаѓање.

Незири ги доведе домашните во водство во деветтата минута, а изедначи Ѓоргиевски со прекрасен гол во 71. минута.

Сепак, само пет минути подоцна на убава асистенција, Влатко Стојановски повторно ја носи Беса во водство, а подоцна и до конечен триумф до 2:1.

30. коло ПМФЛ:

Вчера:

Шкупи – Вардар 0:2

Беса – Брера 2:1

Работнички – Силекс 0:0

Струга ТЛ – Шкендија 1:1

Воска – Тиквеш 0:3 (службено)

Гостивар – Пелистер 0:3 (службено)

Табела: Шкендија 64, Силекс 60, Работнички 56, Струга 48, Гостивар 39, Вардар 38, Пелистер 35, Шкупи 34, Тиквеш 29, Брера 27, Беса 27, Воска 13

ПретходноАталанта супериорно против Монца
СледноАврамовски со 13-ти гол сезонава за нова победа на Игдир