Младинскиот тим на Јанта Волеј Кисела Вода е нов шампион во домашниот шампионат. На финалниот турнир во салата „Јане Сандански“ во Скопје, во финалето со пресврт победа во пет сета 3:2 (22:25, 22:25, 25:20, 26:24, 15:8) го совладаа бранителот на титулата Наковски Волеј.
Како вистинска увертира за финалето беше и дуелот за бронзениот медал, кој исто така беше решен по голема борба во пет сета, каде Работнички Скопје со 3:2 (20:25, 25:15, 25:15, 18:25, 15:9) ги победи Газели Волеј.
Ф4 ТУРНИР МЛАДИНКИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Јанта Волеј КВ – Работнички Скопје 3:1 (25:22, 25:19, 22:25, 25:12)
Наковски Волеј – Газели Волеј 3:0 (25:20, 25:17, 25:16)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
Работнички Скопје – Газели Волеј 3:2 (20:25, 25:15, 25:15, 18:25, 15:9)
ФИНАЛЕ
Јанта Волеј КВ – Наковски Волеј 3:2 (22:25, 22:25, 25:20, 26:24, 15:8)