Сараевски Железничар оствари нова победа во босанскиот шампионат, а нашиот Матеј Цветаноски беше стрелец на првиот од трите гола за сараевските „сини“ во победата над Слобода од 3:2.
Цветановски погоди за израмнување на резултатот на 1:1 во 38. минута, а во продолжение Жељо успеа да дојде до посакуваните три бода кои го враќаат во трка за излез во Европа.
На четири кола до крајот на сезоната, Железничар заостанува 4 бода зад големиот градски ривал Сараево кој е на третото место кое води во европските купови.