Голема, огромна победа на тимот на Динамо Загреб вчера. На гостувањето кај Хајдук во Сплит, пред околу 40.00 гледачи капитенски го поведе својот тим до победа од 1:3, и лидерска позиција во ХНЛ шампионатот. Имаше Динамо проблеми сезонава од секаков вид, но успеа да ги надмине и во вистински момент да ја пронајде својата форма.
Нашиот Стефан Ристовски вчера со „лентата“ на рамо ги поведе соиграчите во битка која што ја добија.
Фотографиите од вчера се легендарни, а изразот на лицето на популарниот „Риле“ кажува се. Чиста емоција.