Македонската ракометна репрезентација денеска продолжи со тренинзи во очекување на финалниот двомеч со Естонија и Литванија на патот до Европското првенство. Еден од нашите најискусни ракометари, голманот Никола Митревски не крие дека Македонија е фаворит и на двата меча, а така и треба да се однесува.
„На двете средби сме фаворити, најважно е да победиме, а математиките да ги оставиме на страна. Мислам дека со две победи ќе бидеме меѓу четирите најдобри третопласиани селекции кои ќе играат на ЕП 2026. Иако сме хендикепирани со повреди, поквалитетни сме и верувам дека ќе обезбедиме место на шампионатот. Први ривали се Естонците, секако дека ќе сакаат да одиграат добар меч исто како во Скопје. Видовме дека загубија неколку меча во квалификациите од Словенија и Литванија. Имаме повеќе информации за нив и очекувам победа“, изјави Митревски.
Македонија и гостува на Естонија во четврток во Талин од 18 часот.