Вардар го “освои“ Чаир и дојде до уште една победа оваа пролет. Шкупи – Вардар 0:2 е епилогот од дербито на 30.коло. Одличен Вардар а најдобар на теренот и не само поради првиот гол на гостите, беше Мато Роџерс кој уште еднаш покажа дека е екстра играч на наши услови. Токму затоа немаше дилеми кој ќе биде и играч на ова 30.коло.
Покрај него во тимот на 30.коло се и Матиќ, Закариќ и Талевски (Вардар), Алексовски и Белица (Работнички), Незири и Стојановски (Беса), Маудо и Спировски (Струга ТЛ), Љатифи (Шкендија).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАТО КАСИМ РОЏЕРС
Тим: Вардар
Роден: 10.10.2003 во Уганда
Кариера: Пролин, КЦЦА, Шанлиурфаспор, Брера, Вардар