За „тепачите“ од ФК Гостивар официјални кривични пријави

394

Како што денеска официјално објави СВР Охрид, тројца фудбалери и еден член на управата на ФК Гостивар добиваат кривични пријави за инцидентот на дуелот против Струга Трим Лум.

Кривичната пријава гласи на тема спречување и напад врз полициски службеници за време на службена интервенција, а инцидентот датира од 19. април.

Кривични пријави добиваат осомничените  А.А. (31) од Германија, А.Д. (25) од Сенегал, Ш.Т. (25) од Турција и Е.Д. (28) од Гостивар — со физичка сила, влечење и оттурнување, се обиделе да ги спречат полицајците во интервенција поврзана со тепачка и нарушување на јавниот ред и мир.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, официјално сподели дека сите четворица се соочуваат со пријави за кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Лицата биле приведени веднаш по натпреварот.

Како што е познато, ФК Гостивар и официјално се повлече од овогодинешниот ПМФЛ шампионат.

 

 

ПретходноТурам обвинет за злоставување од страна на порно глумица (ВИДЕО)
СледноАлонсо уште пред да дојде расчистува со неколку играчи на Реал