Денвер Нагетс поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во Западната конференција, откако на гостински терен ги победија Оклахома Сити Тандер со 121-119, со тројката на Арон Гордон четири секунди пред крајот на натпреварот.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 42 поени, 22 скока и шест асистенции, а за време на еден тајм-аут покажа дека е повеќе од само играч. Се однесуваше како тренер, за време на една минута одмор им објаснуваше на соиграчите што треба да подобрат во играта. Тие внимателно слушаа, како и помошниците тренери. По тренерската смена во Денвер и заминувањето на Мајк Мелоун и доаѓањето на Дејвид Аделман, ова е втор пат како српскиот кошаркар води еден тајм-аут.
Jokić trying to get the guys going in Game 1 👀 pic.twitter.com/aJ2Kucf1Ml
— NBA (@NBA) May 6, 2025