АЕК ќе го пречека Алкалоид пред 8.000 фанови, атмосфера која на Лазаров му е добро позната

326

Алкалоид ќе игра историско финале во ЕХФ Европскиот Куп. Единствениот македонски претставник на европска сцена за противник ќе го има тимот на АЕК. Првиот меч се игра во Атина, а грчкиот клуб ја одбра салата во која ќе го пречека актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот.

АЕК се одлучи за „Ано Лосиу“ Олимписката сала, која во 2021 му беше доделена на кошаркарскиот клуб АЕК на 20 годишно користење. Капацитетот на салата за ракометни мечеви ќе биде околу 8.000 гледачи, атмосфера која за Лазаров е добро позната. Тој како репрезентативец на Македонија играше против Грција во бараж меч за СП 2015 година, победник од оваа пресметка излезе на нашиот национален тим.

Овој меч е закажан за 18 мај во 18 часот. Реваншот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 25 мај со почеток во 20:30 часот.

ПретходноПелистер има двајца странци на негова позиција, па реши да гради кариера во Австрија
СледноФлик: Дали треба да вршам притисок врз играчите?