Во првиот меч од новото 31. коло од ПМФЛ шампионатот, екипите на Вардар и Струга Трим Лум на комплексот Петар Милошевски во Скопје одиграа без голови 0:0. Во меч во кој реално нема ама ниту една стопроцентна шанса, а само еден директен удар кон голот на Вардар и тоа во последните десет минути од мечот, може да се каже дека „нулата“ и поделените бодови се реален развој на настаните.
Вардар одигра со состав кој секако не е оној најдобриот во моментов, шанса добија неколку играчи од клупата и одлично си ја одработија задачата.
Струга пак, со најдобрите кои ги има во моментов одлучи да одигра фајтерски но не и најдобро што може во моментов.
Двата финалисти во Купот кој се игра на 21. мај, останаа должни денеска за по некој добар фудбалски потез но веројатно дека и Седлоски и Ѓорѓиоски не сакаа премногу да откријат денеска.
Остатокот од колото се игра утре.