Вирц нема да го следи Алонсо во Мадрид, туку оди во Минхен

150

Еден од најбараните играчи на денешницата, звездата на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, нема да го следи својот сегашен тренер Чаби Алонсо кој е на пат да стане кормилар на Реал Мадрид.
Напротив, денешен Билд пренесува дека Вирц на изненадување на многумина, ја одбил поканата на самиот Алонсо да замине во тандем за Шпанија, туку објавил дека негова желба е тимот на Баерн Минхен.

Како класичен германец, кој што откако ќе блесне во матичниот клуб, заминува по дифолт во Баерн Минхен, Вирц очигледно дека нема да одстапи од оваа праска, и ќе го засили Баварскиот гигант.

Тој има само 22. години, има договор до 2027 година со Леверкузен но јасно е дека летово ќе биде продаден за огромна сума.

 

ПретходноПолувреме на „Петар Милошевски“: Вардар и Струга без голови
СледноНе можат да му простат: Фановите на Ливерпул ги палат дресовите на Александер – Арнолд!(ВИДЕО)