ВМФЛ:Водечките победија! Срамно – што правеше Кожув во последните десетина минути?! (ВИДЕО)

1189

Попладнево се одиграа сите осум средби од 28.коло во ВМФЛ. Интересно, сите водечки на табелата победија и успеаја да освојат по трите бода, па така нема никакви промени на табелата и по ова 28.коло. Тоа значи дека одлуката за тоа кои две екипи директно ќе се пласираат во ПМФЛ, а која ќе биде трета и ќе игра бараж, ќе падне во последните две кола.

Македонија ЃП како гостин славаше со 0:1 кај Вардар (Н), Арсими го победи Борец со 2:4 во Велес, Башкими во самиот финиш дојде до победата од 1:2 кај Кожув. Интересно, но и дегутантно е како тоа играше Кожув во последните десетина минути, домашните просто стоеја на теренот. Навистина тоа е далеку од фер-плеј. Со овој натпревар треба надлежните и тоа како да се позанимаваат. Погледнете го само видеото и се ќе ви биде јасно.

Додека Брегалница славеше дома со Беласица со 1:0.

РЕЗУЛТАТИ – 28.КОЛО

Борец – Арсими 2:4

Брегалница – Беласица 1:0

Детонит – Охрид 3:2

Скопје – Победа 0:0

Кожув – Башкими 1:2

Осогово – Новаци 2:0

Вардар (Н) – Македонија ЃП 0:1

Вардарски – Саса 1:4

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55…

ПретходноВардар и Струга одиграа без голови
СледноСлавје во Градски парк: По пауза од седум години Работнички и официјално ќе игра во Европа!