Голманот на Брера, Даниел Диковски успешно ја помина операцијата на задната ложа во Бреша, Италија. Тој во наредниот период ќе го започне процесот на рехабилитација и се очекува за шест месеци повторно да се врати на фудбалските терени.
Од клубот му посакуваат успешно закрепнување и што побрзо да се врати на голот на струмичкиот клуб.