Едноминутно молчење во чест на Николче Здравески

169

Пред стартот на денешниот дуел од новото 31. ПМФЛ коло од домашниот фудбалски шампионат, помеѓу екипите на Вардар и Струга Трим Лум, меч кој се игра на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, беше одбележано едноминутно молчење во чест на прерано починатиот Николче Здравески.

Некогашниот капитен на Победа, но и играч на неколку прволигашки екипи, неодамна почина по кратко боледување.

Здравески беше дел и од тимот на Вардар.

 

ПретходноМиленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата
СледноНеверојатно: Интер само од вечерашниот меч со Барса ќе заработи рекордни 14 милиони евра!